Најмладиот учесник на светско првенство во шах од Гази Баба
Најмладиот учесник на светско првенство во шах од Гази Баба
Градоначалникот Тони Трајковски го прими во својот кабинет Ѓорѓи Цветковски, кој учествуваше на Светското првенство во шах во Порто Карас, Грција, кој од 134 натпреварувачи со 4,5 поени од 11 партии, се пласираше на делба од 94 до 106–тото место.
Ако додадеме дека Ѓорѓи Цветковски има само 8 години и од повеќето натпреварувачи бил помлад за една година, пласманот на Светското првенство добива на тежина, односно претставува голем успех.
Ѓорѓи е ученик во второ одделение во ОУ „Стив Наумов“ во Автокоманда, а првпат имал допир со шахот на 5 ипол години кога и започнал да тренира. Член е на шаховскиот клуб Алкалоид, а негови лични тренери се ВМ Влатко Богдановски и ИМ Дејан Стојановски.
Оваа година во категорија до 8 години ќе учествува на Европското првенство во Прага, Република Чешка во месец август и на Светското првенство во Батуми, Грузија во месец октомври.
Но, пред тоа во месец јуни во Струга на државното првенство, Ѓорѓи ќе мора да ја освои по вторпат титулата првак на Македонија во категорија до 8 години.
Градоначалникот разговараше со Ѓорѓи за неговите почетоци, како го засакал шахот, на кој начин се здобива со знаење од областа на шахот и што друго го интересира покрај шахот.
На крај, градоначалникот му посака успех во понатамошните натпревари оваа година и во годините кои се пред него.
01.03.2016 |
Air Force 1 Sage Low