Нова пристапна улица во Ченто
Нова пристапна улица во Ченто
За потребите на новата спортска сала, во близина на ОУ „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто, општина Гази Баба изгради нова пристапна улица која води до салата, со должина од 60 m и широчина од 5 m. Долж улицата е изградена и нова пешачка патека од павер елементи со вкупна површина од 240м2 , а на крајот од улицата ќе се изгради и паркинг простор, со капацитет за 15 паркинг места.
Општина Гази Баба за новата улицата направи водоводна и фекална канализација како и нова ограда во должина од 70m која е дел од оградата на ОУ „Крсте Мисирков“
Вкупната инвестиција за овие активности изнесува 3.700.000 денари. Изведувачи на работите се фирмите Жикол , Енергомонт, ДансаТрејд и Ју Бај2.
18.02.2016 |
jordan Release Dates