Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Нова веб страна на Општина Гази Баба

 

Во рамките на процесот на сертифицирање на Општина Гази Баба со стандардот за бизнис пријателска општина (BFC – business friendly certification), пристапивме кон развој на нови веб платформи на општината во согласност со BFC стандардот.

Развивме нов концепт кој го нарековме ОГБ Атлас, кој претставува компилација од многу веб страни, поставени на носечката веб платформа на ОГБ – www.gazibaba.gov.mk .

Сите информации на новиот портал на ОГБ се транспарентни, лесно достапни и визибилни, и структуирани според функционалното подрачје, со многу изворни информации за граѓаните, деловните луѓе, домашните и странски инвеститори, за нашите стратешки партнери.

Голем дел од услугите кои ги нуди општина Гази Баба се нудат електронски преку веб платформите за градежно земјиште (www.gradezno-zemjiste.mk), градежна дозвола (www.gradezna-dozvola.mk), развојот на нови урбанистички планови (www.e-urbanizam.mk), јавните набавки (www.e-nabavki.mk), и многу други информации и вестикои се достапни на новиот веб портал.

Со еден збор, информации достапни за секого и во реално време.

Со развојот на концептот на ОГБ Атлас, на сите граѓани, деловни луѓе и институции, им ги презентираме сите информации и документи кои се однесуваат на компаниите во ОГБ, на просторните можности, на бизнис можностите, на финансиите во ОГБ, како и на услугите кои ги нуди ОГБ на сите заинтересирани субјекти.

Порталот за компаниите ги нуди систе информации кои се однесуваат на 2818 компании со седиште и бизнис во ОГБ, структуирани согласно Националната Класификација на Дејности Рев 2, како и според големината на компаниите. Во наредниот период таа платформа ќе ја збогатиме и со можност компаниите самостојно да ги едитираат податоците кои се однесуваат на нивните бизниси.

Порталот Инвестирај во ОГБ ги нуди сите информации кои се однесуваат на локацискиот потенцијал во ОГБ, пропратени со деталните планови кои се однесуваат на тие локации и брошури за секоја од тие локации. Овој сегмент е збогатен и со сегментот на бизнис каталог и туристички водич за сите домашни и странски туристи.

И секако на крајот, порталот Бизнис инфо центар, кој ги нуди сите информации за кои претходно сите граѓани и деловни субјекти требаа да дојдат во општината. Со овој портал развиваме нов концепт на достапност, визибилност, транспарентност, за сите информации ,документи, планови, процедури, формулари, и друго, кои се однесуваат на урбанизамот, локалната економија, Бизнисот и ЕУ фондовите, Финансии и Буџет, Контакт информациите и Услугите кои ги нуди ОГБ.

Сето ова, како и многуте други усвоени стандарди во работењето на ОГБ, придонесоа ОГБ да се стекне со престижниот стандард за бизнис пријателска општина.


26.05.2016

nike air force 1 gingham shoes for women on amazon

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree