Ново мултифункционално игралиште
Во населба Ченто на улица „Палмиро Тољати“, се изгради мултифункционално игралиште за мал фудбал и кошарка, со димензии 20м х 40m . Околу игралиштето има поставено ограда со височина од 4 метри и рефлектори за спортување во вечерните часови. Градоначалникот Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје, Коце Трјановски заедно со жителите од овој дел на Ченто го пуштија во употреба спортскиот објект, на кој се одигра и еден фудбалски натпревар. Oпштината ги следи потребите на граѓаните и онаму каде што има услови истите и ги реализира. Воедно градоначалникот ги замоли граѓаните да внимаваат на игралиштето и да го чуваат, како би можеле што подолго да го користат за спортување, забава и другарување. Грдоначалникот Трајановски го честита пуштањето во употреба на ова игралиште и рече дека ќе поддржи проекти на општината кои се во насока на подобрување на условите за живеење на граѓаните. За изградба на овој спортски објект, општината издвои средства во висина од околу 2,2 милиони денари, а изведувачи на работите се фирмите Дан Са Трејд и Адра. 18.07.2016 |