Обука за кариерно советување
Во големата сала во општина Гази Баба во тек е обука за кариерно насочување која ќе се одржува два дена, во организација на СОС Детско село и со поддршка од општина Гази Баба. Целта на обуката е преку проектот Социјална инклузија и екомонско зајакнување на млади и млади брачни парови во ризик, да се постигне екномска издржливост на брачните парови. Учесниците во овој проект ќе учествуваат во активности и ќе научат повеќе за улогата на советникот за кариера, теориите за развој на кариера, основни комуникациски вештини и сл. Ќе се опфатат и фазите во процесот на советување на клиентот како и процесот на донесување на одлуки. По завршувањето на оваа обука ќе се одржат уште неколку, а во ноември ќе се одржи завршно тестирање и на учесниците ќе им бидат доделени сертификати за советник за кариерно насочување. 13.06.2016 |