Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Одбележување на денот на пролетта и промоција на зелено знаме во ОУ Крсте Мисирков

Одбележување на денот на пролетта и промоција на зелено знаме во основните училишта


 

По повод 21 Март, Денот на пролетта и екологијата во основите училишта на Гази Баба беа спроведени неколку активности.

 

Нивните вредни рачиња неуморно твореа на тема „Пролетта во мојот крај“ и благодарение на нивната фантазија и креативност, како искрени предвесници ја најавија пролетта во училиштата.

 

За ОУ „Крсте Мисирков“ денешниот ден беше заокружен со промовирање на зеленото знаме, знак за ЕКО училиште како награда за досегашните еко активности и дополнителен поттик за понатамошно спроведување на истите.

Промоцијата на зеленото знаме беше одбележана и од страна на училишниот хор, кој ја испеа еко химната на нашето училиште. По овој повод и најубавите ликовни и литературни творби беа наградени со дипломи од училиштето за најдобра Еко твроба на што учениците беа особено горди.

 

Учениците од одделенска настава заедно со своите наставнички ги уредуваа своите училници и еко катчиња а исто така и изработуваа литературни и ликовни творби, а учениците од предметна настава заедно со учениците-членови на еколошката секција „Еко Ѕвонче“, во улога на организатори на денешната акција и директни учесници во истата, вредно ги завршија поставените задачи.

 

Додека пак учениците од ОУ „Дане Крапчев“ по повод Ден на пролетта посветија низа активности за унапредување на животната средина.Поделени според одделенија тие спроведоа акции за собирање на стара хартија, пластични шишиња и електронски отпад. Имаа организирано и масовно чистење на големиот училшен двор и уредија 3 жардињери во училишниот двор во кои засадија украсни сезонски цвеќиња од кои 15 љубичици, 8 примули и 30 чуварки.

 

Во ОУ „Вера Јоциќ“ исто така, се одржаа низа активности, каде учениците од петто одделение со цветни венчиња на главите и со еко пораки продефилираа низ населбата, а воедно и на нашите сограѓани им подарија цвеќиња во знак на пристигната пролет. Младите екологисти од нашето училиште излегоа во училишниот двор, каде ги собраа отпадоците, засадија најразлични цвеќиња, ги поткопаа и залееа дрвцата со вода. Некои ученици учествуваа во украсување на училишните паноа со пролетни мотиви.

 


21.03.2016

 

 

 

Mens Nike Trainers

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree