Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Одлуки за подигање на спомен обележја

 

На 45–тата седница на Советот на општина Гази Баба, членовите на Советот донесоа Одлуки за подигање на спомен обележја (бисти) на Бобан Ивановиќ и Горан Стојменовиќ, загинати припадници на Македонската полиција во антитерористичката акција во населба Диво насеље во Куманово на 9 и 10 мај 2015 год., жители на општина Гази Баба.

Спомен обележјето на Бобан Ивановиќ роден 1968 год. ќе биде поставено во с. Стајковци на КП 1026/1 КО Стајковци, на плоштадот до Месната заедница.

Спомен обележјето на Горан Стојменовиќ роден 1970 год. ќе биде поставено во н. Инџиково, на КП 201 КО Инџиково.

Во мај 2015 година во антитерористичката акција на Македонската полиција во населбата Диво насеље во Куманово, на 9-ти мај и 10-ти мај 2015 година, загинаа 8 припадници на Македонската полиција, кои ги положија своите животи во одбрана на татковината. На 9 мај 2015 година, со успешната акција на припадниците на МВР беше спречена нова војна во Македонија. Во антитерористичката акција на Македонската полиција, осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на татковината:

- Жарко Кузмановски (роден 1981), од с. Брвеница, Тетово

- Ненад Серафимовски (роден 1987), од с. Зубовце, Гостивар

- Сашо Самојловски (роден 1982), од с. Брвеница, Тетово

- Бобан Ивановиќ (роден 1968), од с. Стајковци, Скопје

- Горан Илијевски (роден 1974), од Гостивар

- Исамедин Османи (роден 1983), од с. Студеничани, Скопје

- Љубиша Аранѓеловиќ (роден 1966), од Скопје и

- Горан Стојменовиќ (роден 1970), од Инџиково, Скопје.

Овој датум и овие херои вечно ќе останат запишани во најновата македонска историја, а општина Гази Баба со изградбата на спомен обележјата им оддава на своите сограѓани должна почит и вечен спомен.


30.05.2016

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree