Одржана трибина на тема „Превенција од злоупотреба на дрога
Одржана трибина на тема „Превенција од злоупотреба на дрога"
Во Основното училиште „Стив Наумов" се одржа трибина на тема „Превенција од злоупотреба на дрога" од страна на преставници од Одделението за превенција од Секторот за внатрешни работи- Скопје.
Присутни беа членови на совет на родители и стручен кадар, полициски службеници од ПС-Гази Баба кои со интерес ја следеа презентацијата и се информираа за знаците кои покажуваат дека некој младинец почнал да користи дрога.
Темата предизвика интерес кај присутните при што се разви дискусија во која се побара поголемо присуство на полицијата во парковите, пред зградите, во близина на училишниот двор.
Овие средби се одржуваат и во другите училишта од населените места во општината.
01.03.2016 |
Off-White Shoes