Одржан 4-от состанок на Бизнис Клубот на ОГБ
На четвртиот состанок на бизнис клубот на ОГБ со кој претседава г. Богослав Ангелоски од компанијата Ариље Метал, се дебатираше за Програмата за работа на БК на ОГБ за периодот 2016 – 2017 година.
Претседателот на БК на ОГБ го истакна значењето од усвојувањето на програмата за работа, со која се мапираат сите стратешки интереси на деловните субјекти од ОГБ и самата општина, а кои се составен дел од Одлуката за основање на бизнис клубот. Секретарот на БК на ОГБ, Сашо Трајков, раководител на секторот за ЛЕР &ИКР во ОГБ, ја презентираше програмата за периодот 2016 – 2017 година, акцентирајќи ги стратешките насоки на делување на БК на ОГБ. Во насока на унапредување на Програмата, сите членки на БК се согласија дека таа треба да биде флексибилна, и да се прилагодува во согласност со економските движења во економијата, потребите на компаниите и бизнис климата во локалната економија. Се потенцираше и потребата на идните состаноци на БК на ОГБ согласно потребите да се поканат и претставници на надлежните Министерства во Владата на РМ, како и надлежните управи и агенции од делокругот на интерес на деловните субјекти за одредени специфични прашања. На крајот од состанокот, се дебатираше и за примената на новодонесениот закон за whistleblowers и во приватниот сектор, со предлог секој од членките на БК на ОГБ дополнително истиот да го разгледаат и за истиот да ги изнесат своите размислувања vis a via истиот.
Повеќе за програмата на БК на ОГБ може да најдете на следниот линк: http://www.gazibaba.gov.mk/business/index.php/mk-mk/biznis-i-eu-fondovi/biznis-klub
27.04.2016 |