ООУ „Кирил и Методиј“ во Тарту, Естонија
ООУ „Кирил и Методиј“ од Стајковци во периодот од 25. до 29. април 2016 година, беше во посета на градот Тарту, Естонија.
Директорката, Ана Петровска преку Националната агенција за европски образовни програми, присуствуваше на тренинг курс за училишно образование од Програмата Erasmus+. Со работата на училиштето беа запознаени учесниците од Романија, Украина, Португалија, Турција, Австрија, Естонија, Полска, Шкотска, како и предавачите од Англија и Холандија. Исто така, на присутните благодарение на Erasmus+ програмите, им беше одржана обука на тема "Formal-Non-Formal: Youth Work in School". Присутните на овој семинар разменија искуства, се здобија со нови знаење и вештини. Целта на тренинг курсот беше спроведувана преку работилници и интерактивни предавања одржани од неколку предавачи и координатори на проектот и преку посета на различни институции. На учесниците им беше доделен "Youthpass" Европски сертификат за признавање и препознавање на неформалнoто и информалното учење. 13.05.2016 |
Běžecké tretry Nike