Општински натпревар по Прва помош
Општина Гази Баба и Општинската организација Црвен Крст - Гази Баба, го организираа 39-от натпревар по Прва помош за ученици од 9 основни и 3 средни училишта на територија на општина Гази Баба.
Емилија Ѓурчиновска, раководител на секторот за поддршка на Градоначалникот на Гази Баба, им посака успех во натпреварувањето на сите учесници и го прогласи натпреварот за започнат. Во категорија на основни училишта прво место освои ООУ „Крум Тошев“, второ место ОУ „Стив Наумов“ и трето место ОУ „ Крсте Мисирков“. Во категорија на средни училишта, прво место освои СУГС „Панче Арсовски“, второ место АСУЦ „Боро Петрушевски“ и трето место СЕТУГС „Михајло Пупин“. Пехарите за освоените места и дипломите за учество во категорија на основни и средни училишта ги додели претседателот на ООЦК – Гази Баба, Д-р.Крсте Поповски. Благодарници им беа доделени на едукаторите кои ги обучуваа екипите од основните и средните училишта и на одговорните професори од училиштата. 07.05.2016 |
Nike React Element 87