Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Општина Гази Баба на глобална конференција за урбан развој

Општина Гази Баба на глобална конференција за урбан развој


 

Во организација на Светската банка и финансиски подржано од Австриската програма за урбано партнерство, во Грац се одржа UPP 2, кој започна со „Симпозиум на Градоначалниците од ЈИЕ“ со околу 150 учесници, меѓу кои и 30 –тина градоначалници од регионот на ЈИЕ – Македонија, Србија, Албанија, Косово, БИХ и Хрватска. Овој настан се одржа во Конгресниот Центар на Грац, со исклучителни технички и работни услови за настани од овој тип.

 

На настанот, кој се одржа на 29 Фев и 01 Март, се дискутираше за надградба на четирите компоненти – MFSA; URBAN AUDIT; SOCIAL ACCOUNTABILITY и INTEGRITY BULDING, каде имае голем број на презентации и тематски панел дискусии на претставниците и градоначалници на градовите и општините од регионот на ЈИЕ.

Од општина Гази Баба учествуваа, Сашо Трајков, раководител на Сектор за ЛЕР & ИКР, и Владимир Божиновски, советник за финансиски прашања.

Специјални гости на овиј Симпозиум на градоначалници беа градоначалниците на Оклахома Сити, домаќинот Грац и Виљнус од Литванија. Тие дадоа своја визија за развојот на своите градови, како и развивањето на концептот на smart city и knowledge economy преку развојот на таленти, привлекувањето на инвестиции и подршката на постојните бизниси. Голем акцент ставија на квалитетот на живот како предуслов за остварување на погоренаведените стратешки насоки.

 

Во периодот 02 – 03 Март, а со финансиска подршка на Светска Банка, претставниците од општина Гази Баба имаа несекојдневна можност да учествуваат на настанот URBAN FUTURE во конвенцискиот центар на Грац – MESSE GRAZ, на кој учествуваа повеќе од 1600 претставници на градови, проектантски фирми, универзитетски професори, официјални лица на ЕУ и Евроспката комисија, како и претставници на компании од сите континенти.

 

Тематски овој настан беше поделен во четири сегменти:

 

 

На сите овие четири тематски сегменти беа одржани точно 33 панел дискусии на кои се дебатираше за сите предизвици, искуства, визии и преземени минати и планирани идни мерки од учесниците панелисти од четири континенти.

 

Ова беше несекојдневно искуство кое ни овозможи на директен и интерактивен начин да добиеме информации, знаења и да размениме искуства за сите предизвици од интерес на општина Гази Баба и градот Скопје.

Исто така, на овие два настани го потврдивме и зацврстивме нашиот имиџ на општина која не се плаши од предизвици, на општина која отвара нови поглавја од својот развоен пат, а во соработка со стратешкиот партнер Светска Банка.

 


10.03.2016

 

 

 

Air Jordan Retro 1 baby blue white ,Nike Air Jordan 1 baby blue white, Price: $61.00 - Air Jordan Shoes, Aljadid

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree