Отворено советувалиште за проблеми предизвикани од злоупотреба на алкохол
Вo н.Маџари, во објектот на кино Маџари, започна да функционира советувалиште за проблеми предизвикани од злоупотреба на алкохол во соработка со Здружение на клубови на лекувани алкохоличари на Република Македонија. Целта на советувалиштето е КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ БЕЗ АЛКОХОЛ односно, да се препознае лицето кое злоупотребува алкохол, да се процени дали е потребно лекување, спречување на многубројните и се поголеми ризици по животот и здравјето на целото семејство. Истовремено ќе се овозможи поддршка и третман на жртви и извршители на семејно насилство поради злоупотреба на алкохол со индивидуално прифаќање, советување и взаемен договор за планирање на потребната помош и третман, преку вклучување во групи за помош и самопомош со цел постигнување на ресоцијализација и контрола на однесувањето. Советувалиштето ќе биде отворено секој вторник од 17:30 до 19:30 часот каде секој заинтересиран ќе има можност за поразговара со стручно лице за проблемот поврзан со злоупотреба на алкохол. 15.04.2016 |