Патронен празник на ОУ „Григор Прличев“
Основното училиште „Григор Прличев“ од н. Железара го прослави својот патронат.
Пред присутните гости учениците се преставија со богата програма која сочинуваше драматизација, настап на училишниот хор, балетска точка, интерактивна точка на англиски јазик како и музички и ритмички точки.
На настапот присуствуваше и градоначалникот Тони Трајковски кој доби благодарница за посебен придонес на условите за работа и развој на училиштето и имаше свое обраќање на кое им го честита патрониот празник на наставниците и учениците и им посака успеси во реализирање на воспитно-образовниот процес.
25.03.2016 |
sneakers