Патронен празник на ОУ„Крум Тошев“
Патронен празник на ОУ„Крум Тошев“
Основното училиште „Крум Тошев“ од н.м Трубарево го прослави својот 29-ти роденден. Пред присутните гости учениците се претставија со богата програма која сочинуваше драматизација, музички и ритмички точки, настап на училишниот хор и оркестар но, и фолклорна точка.
На настапот присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски кој доби благодарница за посебен придонес во подобрувањето на условите за работа и развој во училиштето и имаше свое обраќање пред присутните, каде им го честита патрониот празник на наставниците и учениците и им посака успеси во реализирањето на воспитно-образовниот процес.
29.02.2016 |
สินค้าออกกำลังกายผู้หญิง คุณภาพ ราคาพิเศษ