Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

По 8-ми пат се одржа манифестацијата Пивтијада

По 8-ми пат се одржа манифестацијата Пивтијада


 

На плоштадот во Автокоманда општина Гази Баба традиционално по 8 - ми пат по повод верскиот празник Водици, ја организираше манифестацијата Пивтијада, заедно со жените од урбаните и месните заедници, организацијата на жени на Гази Баба, Здружението на пензионери и неколку ресторани од подрачјето на општината, кои ги подготвуваа пивтиите.

 

Оваа манифестација има хуманитарен карактер, односно средствата собрани од продажбата на пивтиите ги наменуваме за потребите на Клиниката за детски болести во Скопје.

 

Исто така, манифестацијата имаше и натпреварувачки карактер, каде се наградуваа најубаво декорирани пивтии во две категории: аматери и професионалци:

 

Во категоријата аматери, награди добија:

Стојна Трајановска

Надежда Кирковска

Катерина Петреска

 

Во категоријата професионалци, наградата ја доби ресторанот „Дојрана“.

 

Манифестацијата ја отвори градоначалникот Тони Трајковски, а за доброто расположение на присутните се погрижија: Лајв Бенд, Тања и Владимир, Антониа Гиговска, Кристијан Тасевски и Валентина Димитриевска. Помагатели на настанот беа Алкалоид и Кенди.

 


19.01.2016

 

 

 

Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree