Поделени 99 нови Решенија за легализација
Поделени 99 нови Решенија за легализација
Општина Гази Баба со денешните 99, има доделено околу 6.300 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на физички и правни лица, од околу 16.000 поднесени барања за легализација од страна на граѓаните.
За подобрување на динамиката на решавање на предметите, формирани се повеќе тимови составени од вработени во општината, за постапуваат по барањата за легализација.
Градоначалникот Тони Трајковски ги подели решенијата и ја нагласи важноста од навремено добивање на информации за градење, бидејќи новите дивоградби се третираат како кривично дело и секоја информација за постапката за регуларно и целосно спроведување на законот за градење може да се добијат кај вработените во општината.
23.03.2016 |
Nike