Полицискo-родителска патрола
Општина Гази Баба во соработка со СВР-Скопје и Совет на родители од Основното училиште „Стив Наумов“ организираа полициско-родителска патрола со цел ноќна прошетка низ населбата Автокоманда. При патролирањето беа посетени дворовите на основно училиште „Стив Наумов“, објектите на Детската Градинка- „Детска Радост“, Средното училиште „Панче Арсовски“ како и паркинзите и парковите каде младите во ноќните часови се собираат. Полициските службеници и родителите разговараа со младите, ги советуваат како да се заштитат од девијантните појави и пороците кои се присутни во општеството, да го чуваат инвентарот во училишните дворови и да соработуваат со полицијата. 04.07.2016 |