Посета на ул.2 во Инџиково
Градоначалникот Тони Трајковски, градоначалникот Коце Трајановски ,министерот за одбрана Зоран Јолевски и претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриевски ја посетија ул. 2 во н.м Инџиково каде разговараа со жителите за активностите во минатите денови и потребите за следните денови. Состојбата во поплавениот дел од Инџиково постепено се стабилизира. Куќите се исчистени од кабастиот отпад и од калта, скоро во сите куќи е направена дезинфекција, а некои веќе почнуваат да ги варосуваат. Во најбрзо време ќе се започне со санација на куќите. 16.08.2016 |