Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Посета на УЗ Триангла и МЗ Јурумлери

Посета на УЗ Триангла и МЗ Јурумлери


 

Во УЗ Триангла и МЗ Јурумлери градоначалникот Тони Трајковски, градоначалникот Коце Трајановски, членови на Советот на општина Гази Баба и претставници од Јавните претпријатија имаа средба со граѓаните со кои разговараа околу тековните активности и нивните приоритети.

 

На средбата во УЗ Триангла граѓаните побараа изградба на паркинг простор, кој е ставен во програмата на општината и ќе се изгради оваа година.

 

Исто така, градоначалниците ја најавија втората фаза за изградба на атмосферската канализација вом Триангла, во должина од 1200 м.

 

Во МЗ Јурумлери граѓаните најповеќе се интересираа за изградбата на фекалната канализација и клучката, која треба да ја гради Агенцијата за државни патишта.

 

Градоначалникот Тони Трајковски кажа дека се заврши изградбата на елница на фекалната канализација од влезот на Јурумлери до реката Вардар, во должина од 615 м, чија вредност изнесува 4,5 милиони денари, издвоени од буџетот на општина Гази Баба. Следна фаза е изградба на делници низ населеното место, кои ќе се градат во текот на оваа година.

 


10.03.2016

 

 

 

Nike Air Max 90

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree