Потпишување на меморандум со Турската асоцијација на Бизнис Ангел
Потпишување на меморандум со Турската асоцијација на Бизнис Ангели
Градоначалникот Тони Трајковски го прими во работна посета претседателот на ТБАА Бајбарс Алтунташ од Турција и господинот Илиjа Вучков, Претседател на Европско-Македонскиот центар за иновации и знаење (EMKICE).
На средбата се поставија условите за понатамошна соработка која ќе овозможи на општината зајакнување на стартап заедницата во Македонија спојувајќи ги претприемачите и ангел инвеститорите од Македонија и странство при што го стимулира почетокот и растот на малите и средни претпријатија како и подршката за отварање на нови работни места.
Градоначалникот и господинот Алтунташ потпишаа меморандум за соработка сп кој треба да се создаде партнерство помеѓу општина Гази Баба и ТБАА (Турска асоцијација на Бизнис Ангели) и да ја продолжи соработката помеѓу бизнис ангели од Турција и ЕУ и се однесува на размена на информации, можни инвестиции, обука и промовирање на бизнис ангел-инвестирање во своите земји.
Господинот Бајбарс Алтунташ, има добиено признание од Европската Трговска Асоцијација на Бизнис Ангели и беше прогласен за најдобар поединец за ангажирање на глобално ниво во Европа во рамките на доделувањата на Светскиот Претприемачки Екосистем за 2014 и 2015 година. Тој бил и единствениот претприемачки Гуру кој добил посебно внимание од страна на Американскиот претседател Барак Обама во Белата ќука, пред да се одржи Претседателскиот самит за претприемништво во 2010 година.
29.01.2016 |
NIKE AIR HUARACHE