Презентација за видови осигурување за стари лица
Kорисниците од ,,Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови"- Маџари се изврши презентација за видови на осигурување за стари лица со посебен осврт за осигурување на имот кое беше извршено од страна на осигурителни агенти. На старите лица подетално им беше потенцирано и објаснето каде и како може да ги искористат поволностите од истото. Мора да потенцираме дека со оваа презентација се направи еден нов осврт од еден аспект на социјализација која до сега не сме ја разработиле со корисниците а во овој случај на истата ни излегоа во пресрет гостите кои го посетија Дневниот центар. 21.04.2016 |