Проект „Вреднување на играта“ во Детска Радост
Во градинката „Детска Радост“ се одржа презентација на проектот „Вреднување на играта“, клучна акција 2 за стратешко партнерство помеѓу училишта и градинки од програмата Еразмус. Во овој проект вклучени се партнери, организации од Македонија, Литванија, Италија и Романија, кои присуствуваа на средбата каде разменија мислења и искуства за начинот на работа. На презентацијата присуствуваа претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Министерството за труд и социјална политика, општина Гази Баба, вработени во градинката. 10.06.2016 |