Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Прогласени победниците во училишните спортски лиги

 

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, претставници од општината, директори на основни училишта, истакнати спортски работници и родители, присуствуваа на заокружувањето на спортските активности во спортската сала Методија Андонов Ченто во н.Маџари, во рамките на училишните спортски лиги, организирани од општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба, a поддржани од општина Гази Баба.

Градоначалникот се обрати пред присутните, ги поздрави младите и успешни учесници и им посака и во иднина да продолжат да бидат истрајни во желбата да бидат спортисти и да бидат уште поуспешни. Toj изјави дека за наредната година се издвоени средства во висина од 500 илјади денари за нови реквизити и спортска опрема,за учесниците во училишните спортски лиги. На сите првопласирани екипи и поедници од лигите и турнирите кои се организираа во учебната 2015/2016 година, општината ќе им организира еднодневна екскурзија низ Македонија.

Градоначалникот на г-ѓа Милевка Андоновска во знак на благодарност за голем придонес, развој и ангажман во училишниот спорт и додели плакета.

Познати и признати личности од областа на спортот беа дел од овој настан, и тие ги доделија пехарите на најдобрите и дипломите на сите учесници.

Листата на учесници кои добија пехари и дипломи можете да ја погледнете на следниот линк.

 


31.05.2016

Air Jordan 1 Retro High OG UNC Patent Shoes Best Price CD0461-401 – Buy Best Price Adidas&Nike Sport Sneakers

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree