Прв училишен ден во Гази Баба
Во сите основни училишта во општина Гази Баба успешно и на време започна првиот училишен ден и новата учебна година. Градоначалникот Тони Трајковски ги посети основните училишта ОУ„ Стив Наумов“, ОУ„ 25 Мај“ и ОУ„ Кирил и Методиј“ каде ги поздрави учениците и наставниците и им посака многу успех во новата училишна година.
Пред почетокот на учебната година во сите основни училишта се направија реновирања на работните простории, на објектите и на училишните дворови, а во основните училишта кои беа оштетени во поплавата се санираа штетите и на учениците им се обезбедија соодветни услови за реализација на наставата.
Во ООУ 25 Мај се опремија 22 кабинети со проектори кои ќе овозможат полесно следење на наставата како и нови клупи и столчиња. Исто така, спортското игралиште во дворот на училишето е асфалирано и подготвено за користење.
Во ООУ Кирил и Методиј и во ООУ 25 Мај, со донации беа обезбедени комплети со ученички прибор и ученички торби за секое дете.
Со пригодна програма составена од приредба и музички точки на првачињата им се посака добредојде и многу успеси во образованието.
На подрачјето на општина Гази Баба има 11 основни училишта и 5 подрачни, во кои учат околу 7137 ученици , а оваа година во прво одделение се запишаа околу 782 ученици.
01.09.2016
Air Jordan