Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Првенство во атлетика

Во Националната арена „Филип II Македонски“ се одржа првото општинско првенство во атлетика за основни училишта- Гази Баба 2016. Организатор на овој настан е општина Гази Баба и Општинскиот сојуз на училишен спорт Гази Баба со поддршка од Атлетска федерација на Македонија.

Во натпреварувањата учествуваа ученици од сите основни училишта од општината.

Дисциплините во кои се натпреваруваа беа - скок во височина, скок во далечина, тркачки дисциплини на 60м, 300м, 600м, штафета 4X100м и фрлање на ѓуле.

За најдобри натпреварувачи беа прогласени:

Спринт на 60 м- женски: 1 место Анастасија Караџа ОУ„Наум Наумовски-Борче“, 2 место Сара Јакимовска ОУ„ Крум Тошев“, 3 место Јована Атанасовска ОУ„ Стив Наумов“. Машки: 1 место Ернест Вели ОУ„ Крум Тошев“, 2 место Лазар Стојанов ОУ„ Григор Прличев“ , 3 место Дарио Митевски ОУ„ Крсте Мисирков“.

Спринт на 300 м- женски: Анастасија Караџа ОУ„Наум Наумовски-Борче“, 2 место Ивана Јосифова ОУ„ Стив Наумов“, 3 место Елена Ивановска ОУ„ Крум Тошев“. Машки: 1 место Ернест Вели ОУ„ Крум Тошев“, 2 место Матеј Саздов ОУ„ Крсте Мисирков“, 3 место Лазар Стојанов ОУ„ Григор Прличев“.

Спринт на 600 м- женски: 1 место Ана Стојановска ОУ„ Наум Наумовски-Борче“, 2 место Јасмина Блажевска ОУ„ Вера Јоциќ“, 3 место Милена Костовска ОУ„ Наум Охридски“ . Машки: 1 место Давид Станковиќ ОУ„ Вера Јоциќ“ , 2 место Дарко Спировски ОУ„ Стив Наумов“, 3 место Рахим Агировиќ ОУ„ Крум Тошев“.

Скок во височина – машки: 1 место Петар Милошевски ОУ„ Крсте Мисирков“, 2 место Мартин Лазаревски ОУ„ Наум Наумовски- Борче“, 3 место Алек Петкоски ОУ„ Вера Јоциќ“. Женски: 1 место Ева Илиевска ОУ„ Наум Наумовски- Борче“, 2 место Џулија Муковиќ ОУ„ Вера Јоциќ“, 3 место Тамара Поповиќ ОУ„ Крсте Мисирков“ и Вероника Кимовска ОУ„ Наум Охридски“.

Скок во далечина- машки: 1 место Леон Божиновски ОУ„ Наум Наумовски- Борче“, 2 место Ведран Чешарек ОУ„ Вера Јоциќ“, 3 место Ненад Саздов ОУ„ Крсте Мисирков“. Женски : 1 место Ева Илиевска ОУ„ Наум Наумовски-Борче“, 2 место Викторија Радевска ОУ„ Вера Јоциќ“, 3 место Вероника Илиевска ОУ„ Наум Охридски“.

Фрлање на ѓуле- женски: 1 место Теодора Николова ОУ„ Крум Тошев“, 2 место Сара Максимовска ОУ„ Дане Крапчев“, 3 место Кристина Бошковска ОУ„ Наум Наумовски- Борче“. Машки: 1 место Тони Цветковски ОУ„ Крсте Мисирков“, 2 место Кристијан Арсов ОУ„ Вера Јоциќ“, 3 место Роберт Тошиќ ОУ„ Наум Наумовски- Борче“

Штафета на 4 x 100 м – женски: 1 место ОУ„ Наум Наумовски- Борче“, 2 место ОУ„ Дане Крапчев“, 3 место ОУ„ Крум Тошев“. Машки: 1 место ОУ„ Крсте Мисирков“, 2 место ОУ„ Стив Наумов“, 3 место ОУ„ Вера Јоциќ“.


22.04.2016

Air Jordan 1 Retro High OG 'Rust Pink' 861428-101 For Sale

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree