Пуштање на електрична енергија
Општина Гази Баба во соработка со ЕВН забрзано работи на тоа граѓаните од поплавените подрачја што поскоро да добијат електрична енергија. Досега е пуштено уличното осветлување во Ченто, Инџиково како и на ул. „Алија Авдовиќ" во Сингелиќ. Напонската мрежа е пуштена во функција во Ченто и Инџиково, а е осветлено и игралиштето во ОУ„25 Мај". Онаму каде што не беше оспособена ел. мрежа на неколку локации беа поставени агрегати за напојување со ел.енергија. 12.08.2016 |