Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Работна обиколка на кружниот тек во Автокоманда

 

Градоначалниците Тони Трајковски и Коце Трајановски имаа работна обиколка на градежните работи на кружниот тек, кој се наоѓа помеѓу улицата „16-та македонска бригада“ и улицата „Коце Металец“ во Автокоманда.

Со овој проект, на местото на постојната крстосница помеѓу овие две улици, во тек е изградба на кружен тек со дијаметар на средишниот зелен појас од 60м.

 

Во самиот кружен тек ќе се формираат две сообраќајни ленти, со вкупна широчина од 9 m.

 

Како дел од овој проект ќе се изврши и реконструкција на коловозот на улицата „16-та Македонска бригада“ во должина од 390 m, како и на дел од улицата „Коце Металец“.

Околу кружниот тек и на влезните улици ќе се направи нов тротоар, со широчина од 3 m и велосипедска патека, со широчина од 2,5 m. и ќе се постави ново улично осветлување.

 

За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек се работи на поставувањње на атмосферска канализација и на ивичници и се подготвува теренот за асфалтирање. Се очекува до крајот на месец мај овој објект да биде завршен и граѓаните да можат слободно да го користат, со што ќе се добијат подобри услови и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, изјави градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Тони Трајковски истакна дека со реализација на овој проект, ќе се намали бројот на сообраќајни незгоди, и ќе се олесни пртокот на учесниците во сообраќајот на овој потег, бидејќи оваа сообраќајница ги поврзува општината Гази Баба преку Автокоманда и Железара со општините Чаир и Бутел и каде се наоѓаат голем број на институции, како што се индустриската зона Железара, средното училиште „Панче Арсовски“ и двете здравствени инститиции, Здравствениот дом Железара и клиниката РЕ Медика.

 

Работите ги изведува градежната фирма „Бауер БГ“, а градот Скопје за реализацијата на овој проект ќе потроши околу 45 милиони денари.

 


12.04.2016

 

 

 

สินค้าออกกำลังกายผู้หญิง คุณภาพ ราคาพิเศษ

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree