Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Работна посета на Кадриово маало

 

Градоначалникот Тони Трајковски имаше работна посета на Кадриово маало каде разговараше со граѓаните за тековните проблеми во местото .

Во ова населено место се реализираа важни проекти, се постави фекална канализација која беше еден од најголемите проблеми во маалото.

Општина Гази Баба ја изгради фекалната мрежа , а граѓаните помогнаа во изградбата на секундарната мрежа и околу 48 семејства се приклучија кон мрежата.

По завршувањето на тие проекти се премина кон тампонирање на улиците, во должина од 1км.

На барање на жителите се направи детско игралиште со реквизити- клацкалки, лулашки и клупи за одмор.

Со наредниот проект е предвидено да се направи патека која ќе биде спојување на патеката до натпатникот кој ги поврзува Хиподром со Инџиково, во должина од околу 120 метри, со што Кадриово маало ќе биде поврзано со мостот кој често се користи.

Целта на проектите кои се реализираат е да се подобрат условите за жителите од ова населено место.


21.04.2016

Mens Running Trainers

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree