Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Работна посета на населени места во општина Гази Баба

Работна посета на населени места во општина Гази Баба


 

Денес (26.02.2016) градоначалникот Тони Трајковски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, зам. министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски, градоначалникот на град на Скопје, Коце Трајановски, директорите на јавните градски претпријатија, претседателот и членови на Советот на општина Гази Баба и голем број на граѓани присуствуваа на неколку настани и воедно имаа средби со граѓаните.

 

Во н.м Стајковци присуствуваа на пуштањето во употреба на улицата „ Антон Велковски“ во должина од 1 km каде е поставена пешачка патека со павер елементи и атмосферска канализација.

 

Работна обиколка ја продолжија во н.м Синѓелиќ каде е во тек изградба на улицата „Алија Авдовиќ“ во должина од околу 2 km.

 

Во населбата Инџиково присуствуваа на отпочнување со изградба на улица „10“ која ќе биде во должина од околу 7 km.

 

Овие проекти се по програмата на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и вкупната инвестиција е околу 50 милиони денари.

 

На средбата со граѓаните присутните ги слушаа потребите и приоритетите на жителите на овие населени места кои понатаму ќе се вградат во Програмите за работа на институциите.

 


26.02.2016

 

 

 

Nike News

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree