Работна посета на вицепремиерот Владимир Пешевски на Гази Баба
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, беше во работна посета на општина Гази Баба, во чии рамки заедно со градоначалникот Тони Трајковски ја посетија фирмата Ариљеметал.
Оваа компанија е двапати корисник на можноста странски експерти да ја посетат, со цел да и се подигне квалитетот и начинот на функционирање, што всушност е дел од Проект на Владата, наменет за компаниите од Македонија.
Градоначалникот Тони Трајковски рече дека општина Гази Баба има основано Бизнис клуб во кој членуваат повеќе компании од општината, со цел да се има поблиска комуникација со бизнис секторот, од каде ќе произлезат поконкретни предлози и идеи за заедничка соработка.
Бизнис клубот очекуваме да биде дел од функционирањето на локалната економија, кој преку знаењата и искуствата на компаниите, како и деловната мрежа на партнери и соработници во регионот и пошироко ќе придонесе за подинамична, локациски препознатлива и економски просперитетна општина Гази Баба.
Работната посета на вицепремиерот Владимир Пешевски продолжи во општина Гази Баба, каде со градоначалникот Тони Трајковски имаа средба со претставници од неколку компании од општината, на која компаниите ги изнесоа своите предлози, сугестии и поставуваа прашања за некои проблеми со кои се среќаваат во текот на нивното работење.
25.03.2016 |
Nike