Работна посета во Булачани
Градоначалникот Тони Трајковски беше во увид на градежни работи кои се во тек , за изградба на втора фаза на водовод во н.м Булачани. Со проектот кој е започнат од минатата година, со кој се изгради 1,2 км водоводна мрежа, во втората фаза ќе се изгради 1,3 км со што со заокружување на проектот комплетно ќе се замени мрежата и ќе има 2,5 км нова водоводна мрежа. По завршувањето на фазата ќе се пристапи кон санација и комплетно асфалтирање на улицата во должина од 250м. Со подобрување на водоснабдувањето во ова населено место ќе се воведе ред и водата ќе се користи порационално, ќе се постават водомери и на граѓаните ќе им се овозможат подобри услови кои им се потребни за секојдневно живеење. 26.04.2016 |