Работна средба со директорот на АрцелорМитал
Работна средба со директорот на АрцелорМитал
Градоначалникот Тони Трајковски имаше работна средба со генералниот директор на компанијата АрцелорМитал, Волфганг Марингер, кој на оваа функција е од неодамна.
На средбата се разговараше за досегашната успешна соработка на повеќе полиња помеѓу општината и компанијата и проекти кои во иднина би можеле заеднички да ги реализираат.
Инаку компанијата АрцелорМитал во континуитет учествува во повеќе проекти кои општината ги реализира со градинките и основните училишта, а новиот генерален директор изрази подготвеност таа соработка да ја продолжи.
01.03.2016 |