Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Реализација на проект „Развивање култура за мир“

 

Проектот „Развивање култура за мир“ се спроведува од градинката „Детска радост“ во рамките на проектот Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа, кој во Македонија го спроведува „Меѓаши“ и е финансиран од ЕУ.

Проектот има за цел учење на децата од најмала возраст за прифаќање , толеранција и почитување на различностите преку доближување на пристапите и стиловите на воспитување меѓу семејствата и градинките и заедничка грижа за развојот и воспитувањето на децата базирана на меѓусебна доверба, почитување и соработка. Во проектот се вклучени 10 градинки и се организирани повеќе обуки и воспитно-образовни активности наменети за децата, родителите и воспитувачите. Брошурата „Култура за мир“ е плод на истражување на меѓусебната комуникација на релација семејство-дете-градинка. Оваа брошура ги идентификува моделите на однесување кои ги промовираат возрасните а целта е да отвори и посочи одредени прашања и состојби за она што децата го слушаат во семејството, градинките и медиумите, чие зборување и однесување го имитираат, учат и прифаќаат како свои вредности и однос за добро и убаво.

Директорката на градинката „Детска радост“ Љиљана Крстевска , која е дел од проектот, рече дека со партнерство меѓу семејството и градинката заедно, може многу да се придонесе за развојот на толеранцијата за одговорното родителство и за културата за мир уште од најрана возраст кај децата.


30.08.2016

Nike Air Force

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree