Реализиран проект за меѓуетничка интеграција
Во рамки на Проектот на USAID за Меѓуетничка Интеграција во Образованието, како дел од активностите за унапредување на интегрираното образование, предвидени со стратешкиот документ „Чекори кон интегрирано образование во образовниот систем на Република Македонија", во ООУ „Наум Наумовски Борче" беше реализиран Квиз натпревар на тема „Заедно учиме". Учество во Квиз натпреварот земаа вкупно 32 ученици од II-ро, III-то, IV-то и V-то одделение од ООУ„Наум Наумовски Борче" и од партнер училиштето ООУ „25 Мај". Учениците се натпреваруваа во четири екипи, при што во секоја група имаше ученици од двете училишта. Учениците заеднички одговараа на поставените прашања, победници во овој квиз натпревар немаше, победници беа сите ученици. 08.06.2016 |