Реконструкција и нова урбана опрема
Општина Гази Баба продолжува со поставување на нова урбана опрема како и санација на веќе постоечката. . Градоначалникот Тони Трајковски беше во работна посета во населбата Железара каде изврши увид во работните активности кои беа во тек. Се уредуваше парковското зеленило , се санираа клупите и се освежија со нов слој на боја, а се поставија и нови корпи за отпадоци. Градоначалникот напомена дека е од голема важност граѓаните да внимаваат на урбаната опрема , да не ја оштетуваат бидејќи само така ќе имаме убава и здрава околина. Во следниот период овие активности ќе продолжат низ сите населени места во општината каде покрај реконструкцијата ќе се постават 100 нови клупи и 100 нови канти за отпадоци. Во акцијата учествува и ЈКП „Гази Баба“ , каде вработените ја изработуваат урбаната опрема, а општина Гази Баба обезбедува материјал за истите. 16.06.2016 |