Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Реконструкција и санација на основните училишта

 

Во текот на летниот период основните училишта и општина Гази Баба превземаа активности за реконструкција и санација на објектите со цел подобрување на условите за учење на сите ученици.

Во ООУ Кирил и Методиј се направи целосна реконструкција на училиштето.

Во ООУ Крсте Мисирков се асфалтираше патеката во должина од 60м која води кон паркингот, и се изврши комплетно варосување на целото училиште.

Во ОУ Дане Крапчев се санираа санитарните чворови.

Во ООУ 25 Мај се реконструираше целосно старото училиште и се опремија 22 кабинети со нови проектори, и нови клупи и столчиња, и училниците се целосно снабдени со надгледни средства потребни за тековна настава.И спортското игралиште во дворот на училиштето е целосно асвалтирано и подготвено за користење.

Во ООУ Н.Н. Борче во н.Маџари се санираа санитарните чворови.

ВО ООУ Наум Охридски во н.м Црешево и во н.м Булачани се санираа санитарните чворови.

Во ООУ Григор Прличев во н. Железара се поставија настрешници на влезната врата во училиштето.

Во ООУ Стив Наумов се заменија дрвените прозорци со ПВЦ прозорци и се реконструираше дел од оградата околу училиштето.

Во ООУ Вера Јоциќ се направи санација на плафоните, олуците и се адаптираше уште една просторија во училница.

Во ООУ Крум Тошев се поставија нови врати и олуци а во најскоро време ќе ја заменат и оградата на училиштето.

Во ООУ Његош е променет дел од кровот и ставени се нови ПВЦ прозорци.


01.09.2016

 

 

 

 

nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree