Се одржа 40-тата седница на Советот на општина Гази Баба
Се одржа 40-тата седница на Советот на општина Гази Баба
На 40-тата седница на Советот на општина Гази Баба членовите на Советот ja усвоија предложената точка на дневниот ред и донесоа одлука за воспоставување на соработка помеѓу општина Гази Баба и град Скопје за финансиско учество за изградба на дел од улицата „Никола Киров Мајски“ и улица „5“ во населба Хиподром 2, со комплетна инфраструктура.
Покрај оваа, се донесе и одлука за воспоставување на соработка помеѓу општина Гази Баба и град Скопје за изработка на проектна документација и реализирање на проект за изградба на водоснабдителен систем за подобрување на снабдувањето со вода за населените места Методија Андонов Ченто, Сингелиќ, Стајковци и Инџиково.
На седницата на Советот се усвои и одлуката за формирање на Центар за млади и НВО за општина Гази Баба.
29.01.2016 |
Mens Flynit Trainers