Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Се одржа третиот состанок на Бизнис Клубот на Општина Гази Баба

Се одржа третиот состанок на Бизнис Клубот на Општина Гази Баба


 

Бизнис Клубот на општина Гази Баба во кој членуваат деловни субјекти со седиште во општината или деловни субјекти кои имаат деловни или производствени капацитети на територијата на општината го одржаа третиот официјален состанок.

 

На состанокот се дискутираше и се даваа предлози околу одредени измени и дополнувања за работењето на Бизнис клубот како и за навремено разменување на информации кои се од големо значење за компаниите.

 

Присутни гости на овој состанок беа членови на Верификационата комисија БФЦ СЕЕ од градот Велес, Република Србија и Босна и Херцеговина, кои ги поздравија членовите на Бизнис клубот, кратко се обратија и изразија големо задоволство за функционирањето на Бизнис клубот и соработката која ја има со општината која е една од ретките од регионот која ќе добие овој сертификат.

 

Програмата за сертификација за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (Business Friendly Certification South East Europe (BFC SEE) е единствена регионална програма за унапредување на конкурентноста на локалните самоуправи која се спроведува во Македонија и останатите земји на Балканот.

 

На состанокот беше разгледана и предлог програмата на Бизнис клубот за 2016/2017 година.

 


12.02.2016

 

 

 

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree