„Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“
Општина Гази Баба во соработка со СВР Скопје и во текот на оваа година продолжува со реализиција на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи “. Целта на проектот е децата кои престојуваат во големите групи во детските градинки да се запознаат со основните поими за сообраќајот, почитувањето на сообраќајните правила, однесувањето во сообраќајот, безбедно преминување на улица, сообраќајните знаци и сл. Реализацијата на активностите од проектот наиде на интерес кај најмалите, а секое дете како подарок доби линијар. 15.04.2016 |