Советот донесе Одлука за превземање на обврските за плаќање на воден надомест за 2016
Советот донесе Одлука за превземање на обврските за плаќање на воден надомест за 2016
Советот на општина Гази Баба донесе Одлука за превземање на обврските за плаќање надоместок за одводнување на индивидуалните физички лица – корисници, за 2016 година.
Општина Гази Баба продолжува со практиката од 2010 година да помага на индивидуалните физички лица – водокорисници, со превземање на обврските за плаќање воден надомест за одводнување на индивидуалните физички лица – водокорисници (сопственици / корисници на индивидуални станбени објекти и земјоделско земјиште) на подрачјето на општината.
На подрачјето на Општина Гази Баба под системот за одводнување “Скопско Поле” се опфатени вкупно 2175 ха, од кои 1371 ха поседуваат индивидуалните физички лица – водокорисници. Надоместот по хектар изнесува 2400 денари, што значи вкупниот надомест, кој општината треба да го исплати на Водостопанство Скопско Поле – Скопје, изнесува 3,882,672,00 денари со вклучен ДДВ.
Превземената обврска за плаќање се однесува за 2016 година.
Надоместокот ќе биде искористен за редовно и навремено чистење на каналската мрежа на подрачјето на општина Гази Баба, од страна на Водостопанство Скопско Поле – Скопје, со цел спречување на евентуални поплави на замјоделското земјиште и други површини на подрачјето на општината.
22.02.2016 |