Спортски активности во објектот „ Детелинка“
Спортски активности во објектот „ Детелинка“
Најмалите од воспитните групи од објектот „ Детелинка“, кој е во рамките на предучилишната установа „ 25 Мај “, учествуваа во спортски активности за зајакнување.
Покрај секојдневните утрински вежби за загревање на телото, се реализираат и применуваат подвижни игри со натпреварувачки карактер и примена на музика.
Во рамките на проектот за спорт и спортски активности децата се дружат со членовите на Ритмичкото - спортско друштво „Олимпиас“ , каде преку другарувањето најмалите се запознаа со разни видови на танц , односно со румба , самба, чачача.
Во овие активности соработката со родителите е многу важна, бидејки тие често пати се вклучени во заедничкото дружење и активностите со децата.
03.03.2016 |