Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Спроведени активности за реализација на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје за учебната 2015/ 2016 година

Спроведени активности за реализација на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје за учебната 2015/ 2016 година


 

Продолжувајќи ја традицијата, нашето училиште продолжи со реализирање на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ поддржan од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

 

Како и претходното тромесечие, така и ова, активностите од проектот се реализираа со особен интерес и успех од страна на родителите, наставниците и учениците.

 

При реализирањето на сите активности, наставниците, учениците и родителите дојдоа до истата цел на овој проект, а тоа е зајакнување на врската „родител – ученик – наставник“, со што по подолго време во образовниот систем дојде до сплотување и зајкнување на воспитната компонента во воспитно – образовниот систем во основното образование.

 

По предлог на задолжителните активности од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во нашето училиште беа организирани следните активности:

 

⦁ По повод доаѓањето на месец март, во училиштето беа спроведени активности во кои беа изработени мартинки. Вака го започнавме дружењето со неколку родители од паралелката IV-1, потсетувајќи се на детството, црвено - белите мартинки и нивното значење.

 

Генерално, мартинката секогаш е со конци од црвена и бела боја испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира бојата на крвта, а белата на чистотата.

 

Се подарува на 1-ви Март во чест на доаѓањето на пролетта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво.

 

Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година. Традиција и обичај е мартинките да се подаруваат на други, па затоа учениците и родителите изработија многу мартинки.

 

Сите ќе се подарат, со надеж дека ќе се развеселат многу деца и возрасни.

 

⦁ Исто така во училиштето се спроведе и акција за чистење и уредување на училишниот хол. По тој повод учениците од еколошката секција Еко Ѕвонче засадија 30 љубичици во саксии, кои ги поставија во училишниот хол.

 

Оваа акција и акциите што ќе следат потоа се само најава за престојното пролетно разубавување и естетско уредување на училиштето.

 

Со тоа учениците придонесуваат за поубав изглед на дворот и училишниот хол.

 

Во акција беа вклучени и родители како дел од проектот Соработка наставник- ученик- родител, кои им беа од голема помош на учениците при реализацијата на оваа активност.

 


02.03.2016

 

 

 

Adidas Yeezy Boost SPLY - 350 V2 OFF-WHITE white men shoes

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree