Средба со наградените ученици од ОУ Крум Тошев
Учениците од основното училиште „Крум Тошев“, Ана Марија Атанасовска и Златко Јовановски, имаа средба со градоначалникот Тони Трајковски по повод постигнатиот успех на Државниот натпревар по биологија. На натпреварот тие се пласираа меѓу најдобрите и за својот труд и знаење добија награда за 3 место и пофалница. Градоначалникот Трајковски им честита за одличните резултати и им порача да продолжат да нижат успеси и дека општина Гази Баба и понатаму ќе ја дава својата поддршка на полето на образованието. 04.05.2016 |