Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Средба со талентирани ученици

 

Општина Гази Баба на крајот на учебната година ги наградува најдобрите ученици кои постигнале резултати на натпреварувања во различни активности. Покрај учениците кои членуваат во учлишните активности и постигнуваат резултати на општински, градски и државни натпреварувања во училиштата има и деца кои посетуваа дополнителни активности надвор од училишните на кои се издвојуваат со постигнати врвни резултати во различни области.

Денес градоначалникот ги прими учениците Димитар Илиевски од 4. одделение и Михаела Николовска од 3. одделение од ОУ „Стив Наумов“, како и Блерина Реџепи од 5. одделение од ОУ „25 Мај“.

Димитар Илиевски и Михаела Николовска посетуваат часови по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“, каде Димитар има освоено награди на повеќе државни и регионални натпревари додека Михаела има освоено повеќе меѓународни награди , а во месец јули е поканета во Салзбург и во Милано како гостин , но и да биде дел од настапот на нивните филхармонии.

Блерина Реџепи посетува класичен и модерен балет во приватното училиште „Студио Балерина“ каде со своите настапи има освоено повеќе медали и дипломи на повеќе државни и меѓународни натпреварувања.

Градоначалникот разговараше со учениците за нивните успеси и за поддршката од општината која во иднина би ја имале.

За нивните успеси градоначалникот им подари скромни подароци кои ќе им бидат поттик за уште подобри резултати во иднина.


10.06.2016

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree