Старт на „Илинденски марш 2016"
Коњаница од с.Црешево, оваа година се приклучи кон 38-от Традиционален коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978", кој стартува денеска во 17:30 часот од паркот „Јане Сандански" во општина Аеродром, а ќе заврши на 2 август во Крушево, со прослава на најголемиот македонски национален празник – Илинден. Во испраќањето на коњаниците од црквата Св. Спас во село Црешево присуствуваа претставници од оштината, жители на селото и подржувачи на традицијата. 27.07.2016 |