Светски Куп во стрелаштво
Од 28 април до 05 мај, во Шкеќин, Полска се одржа Светскиот Куп во стрелаштво, на лица со инвалидитет, каде учествуваа 35 земји. На овој спортски настан како дел од македонскиот тим, во дисциплината воздушен пиштол на 10м, се натпреваруваше Лидија Крстеска,вработена во општина Гази Баба, каде во конкуренција од 16 жени го освои 5-то место во финалето. Постигнатиот резултат на Крстеска е над оптималната олимписка норма. Таа повеќе од 15 години се занимава со овој спорт и редовно учествува на повеќе меѓународни и домашни натпреварувања. За оваа сезона останува уште државното првенство на Македонија, каде до сега Крстеска има освојувано повеќе златни, сребрени и бронзени медали во изминативе години. Општина Гази Баба како и досега и понатаму ќе продолжи да ја дава својата поддршка за промовирање на спортот и спортските активности. 19.05.2016 |
nike air veer gs youth black white gold blue hair