Традиционална василичарска средба во Камник
Традиционална василичарска средба во Камник
По повод празникот Василица, на Камник во населба Ченто, по 21-ви пат се одржа традиционална василичарска средба.
Секоја година на овој настан, крај василичарскиот оган се крши лепче со паричка и e традиција што симболизира среќа, здравје и бериќет на кумот во текот на целата година.
На настанот се собраа голем број на жители од населбата каде со оро и песна го одбележаа празникот и си посакаа многу здравје и успех во Новата Година.
Градоначалникот Тони Трајковски беше присутен на настанот на кој воедно беше и василичарски кум.
14.01.2016 |
Patike