Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Трократниот светски шампион во карате на прием кај градоначалникот

Трократниот светски шампион во карате на прием кај градоначалникот


 

Општина Гази Баба е домаќин на еднодневниот семинар по карате, кој ќе се одржи на 05.03.2016 година во спортската сала „М.А. Ченто“ во Маџари. Семинарот, по покана од Карате клубот Куштрими од Сингелиќ, ќе го држи поранешниот европски и светски карате шампион, Халдун Алагаш од Република Турција.

 

Градоначалникот Тони Трајковски го прими во својот кабинет овој исклучителен спортист и спортски работник, кој со карате се занимава од 1982 година, а во 1998 година станува најмлад светски шампион во сениорска конкуренција.

 

На средбата се разговараше за значението на спортот како дел од развојот на младите луѓе, за она што општината го прави во областа на спортот, нејзината поддршка на спортистите, заложбата за изградба на спортски капацитети, а секако и за она што Халдун Алагаш како карате мајстор може да им понуди на каратистите ширум светот и на најмладите за да го засакаат овој спорт.

 

Во чест на Харун, како еден од најуспешните спортисти во Република Турција, еден грандиозен спортски центар во Истанбул го носи неговото име.

 


04.03.2016

 

 

 

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree