Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Турнир во шах

 

Општина Гази Баба, Училишниот сојуз за спорт на Гази Баба и Шаховската федерација на Македонија организираа турнир во шах на кој учествуваа ученици од прво до деветто одделение од сите основни училишта на подрачјето на општината.

На настанот присуствуваа градоначалникот Тони Трајковски, генералниот секретар на шахофска федерација, Иван Кочовски, интернационалниот мајстор во шах, Дејан Стојановски, наставниците по физичко воспитување и граѓани од општината.

Целта на овој турнир, кој за прв пат го одржуваме, е да го воведеме шахот каако дисциплина во училиштата бидејќи имаме доста талентирани деца, да ги заппзнаеме со начинот и правилата на играта, со што би ги заинтересирале со нов вид на спорт, со кој се развиваат повеќе вештини како што се начинот на размислување, логиката а со тоа и развојот на интелегенцијата.

Со помош на луѓето од шахофската федерација, во училиштата за сите заинтересирани ученици ќе се одржуваат часови за играње шах и се надеваме дека секоја година овој турнир да биде помасовен и поквалитетен, рече Трајковски во авоето обраќање пред присутните.

По завршување на турнирот беше објавен пласманот на учесниците во две категории:

- од 1 до 5 одделение се следните:

Цветковски Ѓорги и Ќосеф Стефан од ООУ Стив Наумов со освоени 4,5 поени, Трајковиќ Дејан од ООУ Н.Н.Борче со освоени 4 поени, Стојковски Матеј од ООУ Наум Охридски со освоени 4 поени, Китановски Давид од ООУ Вера Јоциќ со освоени 4 поени и Толев Димитри од ООУ Н.Н.Борче со освоени 3 поени.

- во категорија од 6то до 9то одделение се следните:

Јорданов Михаил од ООУ Стив Наумов со освоени 4,5 поени, Велјаноски Андреј од ООУ Стив Наумов со освоени 4 поени, Велковски Кристијан од ООУ Дане Крапчев со освоени 3,5 поени и Јанакиевски Давид од ООУ Наум Охридски со освоени 3,5 поени.


16.04.2016

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree